Поврзете се со нас

Англија

Невил: Една одлука на Тен Хаг и направи голем проблем на Англија

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Англиските експерти не се воодушевени од играта која ја прикажува тимот на Герет Саутгејт, но и покрај тоа, познатите легенди на големо го славеа голот на Џуд Белингам и драматичниот пласман во следната фаза.

Јавноста на Островот е во исчекување на конечната одлука за Џуд Белингам и неговата спортна гестикулација за време на мечот, но Гери Невил како познато лице кое ги следи сите случувањата во Манчестер Јунајтед и Англија, заклучи дека една одлука на Ерик Тен Хаг влијаела негативно и врз репрезентацијата.

Самиот Лук Шо призна дека не требал да го послуша Тен Хаг и никако не смеел да излезе на терен против Лутон, натпревар на кој пристигна повреден и на кој не требаше да биде во тимот. Наместо тоа, левиот бек беше принуден да игра и со тоа се направи огромна штета, која сега донесе последици и на Европското првенство.

Англија нема природен лев бек и таму игра Трипие кој всушност е десен бек, па Гери е сигурен дека поради тоа до израз не може да дојде и Фил Фоден.

– Левата страна ни е блокирана, а тоа е поради недостиг на природен лев бек. Кога Фил Фоден влегува внатре, наш најголем проблем е што немаме природен левак за да му се придружи на страна. Тоа се случуваше цела сезона и во Манчестер Јунајтед, Рашфорд беше осамен. Лук Шо е многу важен играч за Јунјатед и Рашфорд, но и за репрезентацијата.

– Се уште не можам да верувам дека се ризикуваше и играше на мечот со Лутон. Тој никогаш не смееше да стапне на теренот на тој меч. Патував за Лутон и знаев дека е прецртан, потоа не можев да поверувам кога го видов на терен. Сите се прашувавме што се случува, – открива Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни