Поврзете се со нас

Свет

Невил: Де Јонг треба да ја тужи Барселона и да добие поддршка од сите играчи!

Објавено

на

Френки Де Јонг одби неколку понуди кои пристигнаа на негова адреса и решен е да го доработи својот договор со Барселона, но од друга страна, клубот со своите дејности јасно стави до знаење дека сака да го продаде холандскиот репрезентативец.

Барса дури и му договори трансфер во Манчестер Јунајтед и си подаде рака за висината на отштетата, но негативниот одговор од фудбалерот ја закомплицира операцијата и сега ќе има средба меѓу претставниците на играчот и врвот на Барселона.

Лапорта вчера најави дека ќе мора да седне на маса со играчот за да ги „расчистат сите сметки“ пред носењето на конечна одлука, а денеска Гери Невил одново распали по Барселона и го охрабрува Де Јонг да го тужи клубот.

– Де Јонг треба да ја тужи Барселона и сите играчи треба да бидат на негова страна и да го поддржат. Барселона како клуб троши цело богатство на нови играчи, а не сака да ги плаќа оние кои се под договор.

– ФИФПРо треба да се вклучи во ова и да го прекине малтретирањето и да ја сопре Барселона, – порачува Гери Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни