Невил бара од Челси да го отпуштат Марко Јани по инцидентот со Мурињо: Тоа што го стори е срамно

nevil

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Евертон, а сегашен селектор на женската репрезентација на Англија, Фил Невил смета дека од Челси треба да го отпуштат асистентот на Сари, Марко Јани.

Јани бурно реагираше по израмнувачкиот погодок на Рос Баркли и неспортски го провоцираше Жозе Мурињо кој пак тргна да се пресмета со него, но за среќа беше спречен во намерата од страна на бројните редари.

Подоцна Португалецот доби извинување лично од Јани, но и од Сари и истакна дека за него оваа работа е затворена, но поранешниот играч на „Ѓаволите“, Фил Невил смета дека клубот од Лондон треба да преземе дополнителни мерки.

-Кој и да е од менаџерскиот тим на Челси, ова е вистински срам. Потег во кој не е покажана класата ниту човечноста. Тој се пушти директно во лице на Жозе Мурињо, Мајкл Керик и целата клупа на Манчестер Јунајтед и славеше пред нив. Многу срамно.

5251296-0-image-a-97_1540123052270

-Сари славеше. Потоа се појави човекот кој истрча пред Мурињо, а потоа се врати и славеше пред него. Срамно. Јас да бев Маурисио Сари ќе го избркав од клубот- коментираше Фил Невил за „НБЦ Спортс“.

Facebook Коментари