Англија
Невил: Арсенал треба да биде горд по резултатот на „Енфилд“

Арсенал испушти два гола предност на „Енфилд“, а на крајот стравуваше и од целосен пресврт по големиот притисок на Ливерпул.
Ремито носи бод за „топчиите“, но и намалување на предноста во однос на Манчестер Сити по оваа рунда, по која тимот на Гвардиола има шест бода помалку и натпревар помалку.
Според Гери Невил, Арсенал треба да биде задоволен, бидејќи овој бод може да биде клучен во трката за титулата.
– Ова е навистина добар резултат за Арсенал.
– „Енфилд“ е ненормално место, на овој стадион се случуваат работи кои не можете да ги видите на друго место. Никогаш не сте безбедни, дури ни кога водите со 2:0.
– Некој може да каже дека Арсенал испуштил победа и ја ризикува титулата, но според мене фудбалерите и Артета треба да бидат горди. Јасно е дека постои опасност да изгубат уште некој бод во продолжение, но ќе се надеваат дека истото ќе му се случи и на Сити, – вели Невил.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)