Поврзете се со нас

Англија

Невил: Арсенал може да го искористи „мамурлакот“ на Сити

Објавено

на

Манчестер Сити и сезонава има ростер со кој може да ја одбрани титулата во Премиер лигата, но Арсенал и останатите ривали ќе се обидат да ја искористат секоја ситуација за да му наштетат на шампионот.

Арсенал го доби директниот дуел со Сити и привремено има повеќе бодови на табелата, а Гери Невил вели дека типувал Арсенал да ја освои титулата поради шампионскиот „мамурлак“ на тимот на Пеп Гвардиола.

– Причината поради која типував дека Арсенал ќе стане шампион е поради фактот што минатата сезона беа блиску, сметав дека повторно ќе биде така, а Сити ќе го тресе одреден „мамурлак“ по освојувањето на тројната круна.

– Сити стигна до својата утопија, не може да освои нешто повеќе од тоа. Кога толку долго време се обидуваш и на крајот ќе ја освоиш Лигата на шампионите и ќе го повториш успехот на Манчестер Јунајтед, мора да има одредено олеснување и опуштање, – вели Невил.

Засега, Тотенхем и Арсенал имаат два бода повеќе од Сити, но тука е и Ливерпул кој во моментов заостанува еден бод зад тимот на Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни