Поврзете се со нас

АТП

Невидена ситуација во тенисот: Тројца носители откажаа настап во ист ден поради идентична причина (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/rolandgarros

Покрај турнирот кој се игра во Дубаи, истовремено има големи тениски возбудувања и во Мексико, земја во која се игра АТП турнирот од серијата 500.

Акапулко секогаш е примамлива дестинација за голем број тениски ѕвезди, но рано утрово оттаму ни пристигнаа низа неочекувани вести какви што не се паметат во тенисот.

Сите четири главни носители за највисок пласман испаднаа во ист ден, а со исклучок на Александер Зверев кој загуби на теренот од Тиен Лернер со 2:0, останатите тројца мораа да предадат поради труење.

Холгер Руне како четврти носител смогна сили да излезе на теренот и да одигра неколку гејма во исклучително лоша здравствена состојба, но при резултат 3:0 му предаде на Накашима и го искажа своето незадоволство за лошата среќа преку социјалните мрежи.

Поради иста причина, вториот фаворит Каспер Руд се огласи на социјалните мрежи уште пред да излезе на терен и му предаде на домашниот тенисер Пачеко Мендез, додека серијата откажува продолжи со Томи Пол.

Американецот беше трет носител на турнирот во Акапулко, а исто како и Руд, и тој не излезе на терен против Гирон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни