Поврзете се со нас

Шпанија

Невидена ситуација во Шпанија: Тренерот на Расинг му удри глава на колегата од Сарагоса (Видео)

Објавено

на

Фокусот на цела шпанска спортска јавност беше вперен кон големото дерби кое го одиграа Барселона и Атлетико Мадрид на „Монжуик“, но во вечерниот саботен термин се одигра и натпревар во Ла Лига 2 и истиот предизвика големи реакции поради тоа што се случило во самиот финиш.

Сарагоса го одбранила домашниот терен и успеала да слави против Расинг Ферол со резултат 1:0, меѓутоа наместо класично подавање на рацете од двајцата тренери, дошло до уличарска реакција која брзо стана вирална на Пиринеите.

Тренерот на Расинг Ферол му удрил глава на својот колега од спротивната страна по последниот судиски свиреж, па повеќе од јасно е дека сега го чека драконска казна за оваа постапка.

ШПанските медиуми најостро го осудија однесувањето на Кристобал Парало, но покрај неговата, ја пренесоа и изјавата на жртвата во дадената ситуација, Давид Наваро.

– Вакво чувство сум немал никогаш, претпочитам да не зборувам за тоа што се случи. Ова не е добар пример за фудбалот и тоа што го направив беше ужасно. Искрено, не сакам да зборувам на таа тема, – изјавил Парало.

– Тоа што се случува на теренот, останува на теренот. Најважно е што пристигнав цел на оваа прес-конференција. Главна вест треба да биде нашата победа, а не тоа што се случи на крајот. Фудбалот е спорт со многу емоции, па се случуваат и вакви работи, – изјавил тренерот на Сарагоса.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни