Невидена ситуација: Судијката погрешно ги броеше поените, Радванска збесна (Видео)

radwanska

Хрватската судијка Марија Чичак предизвика вистински хаос за време на мечот меѓу Радванска и Бартел од 1. коло на ВТА тенискиот турнир во Доха.

Судијката која дели правда и на грен-слем турнирите се посрамоти откако комплетно го погреши броењето на поени во еден од гејмовите, а тоа со право ја разбесни Агнешка Радванска, која мораше долго да протестира за да биде направена корекција на резултатот.

Грешката беше направена при резултат 15:15 кога поенот на Радванска и беше припишан на Бартел, а никој не реагираше кога судијката кажа 30:15. Подоцна во тој стил Бартел го доби гејмот со освоените два следни поени, но Радванска како да беше единствена која знаеше дека резултатот е 40:30.

Чичак се коригираше дури откако преку радио врска доби потврда дека погрешила, па дури и тогаш објави резултат 30:40, па повторно мораше да ја поправа грешката. Еден вид утеха за Радванска беше што го доби тој гејм, а подоцна и мечот.

Facebook Коментари