Поврзете се со нас

Свет

Невидена ситуација: Мексиканси судија со дефанзивна реакција спречи гол на Круз Азул (Видео)

Објавено

на

Мексиканското фудбалско првенство е во раната фаза и се уште не можат да се даваат никакви прогнози околу главните фаворити за титулата, но еден од кандидатите сигурно е Круз Азул кој доцна синоќа ја забележа петтата победа во низа.

„Сините“ од Мексико Сити победија на домашен терен против Толука со 3:2, но овој меч се издраматизира до тој степен во самата завршница од првиот дел, што едноставно тешко се пронаоѓаат зборови за да се објасни трилерот.

Круз Азул имаше предност од 2:0, но кога се очекуваше да има лесна реализација за 3:0, следеше невидена ситуација на теренот. Најпрво, еден од напаѓачите на Азул го погоди дирекот, а Џонатан Родригез веќе почна да ги крева рацете, кога главниот судија на мечот се најде на најлошо место во најлошо време.

Главниот судија Оскар Марсијас се најде во прв план и со дефанзивна реакција спречи погодок за домашниот тим, а со оглед на тоа што стануваше збор за инцидентна и несреќна ситуација, не можеше да направи ништо за да ја поправи грешката.

Играчите на Круз Азул беа бесни на него, но уште повеќе откако до полувремето Толука израмни на 2:2. На крајот, спасител беше Фернандез чиј погодок за 3:2 се покажа како конечен за триумфот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни