Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Невидена сцена во ЛШ: Нервозниот Дембеле го одби МВП признанието по ужасната претстава на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_English

Фудбалските ѕвезди обично се горди и насмеани кога ќе добијат едно МВП признание од УЕФА, но ова правило не важи и за Усман Дембеле кој е еден од најдобрите играчи на ПСЖ.

И покрај поразот од 3:2 на „Вила парк“, играчот со број „10“ на ПСЖ беше избран за најкорисен од страна на УЕФА, а кога еден од делегатите се приближи да му ја врачи наградата, следеше сцена каква што не се памети во најелитното натпреварување.

Огорчен од ужасното второ полувреме на ПСЖ против англискиот премиерлигаш, Дембеле одби да го земе признанието и да позира со него, па во продолжение морал да биде враќан од соблекувалната за да го испочитува правилото на УЕФА и да избегне казна.

Во меѓувреме, посебно вирална стана неговата слика на која позира со наградата, на која сосема очекувано не е воопшто задоволен, исто како што беше случај и при првото обраќање кое го имаше пред медиумите по поразот од 3:2.

– Мора да бараме многу повеќе од себе на ова ниво, не смееме да имаме вакви падови. Самите си ги закомплициравме работите и на крајот беше многу тешко. Во второто полувреме се изневеривме себеси, помисливме дека сме премногу добри.

– На 2:1 мислевме дека веќе сме во полуфинале, но ова е Лига на шампиони. Малку фалеше да направат пресврт благодарение на нивните страствени фанови, мора да бараме многу повеќе од себе во полуфиналето. Овој натпревар треба да ни послужи како лекција, не смее да ни се повтори вакво нешто. Севкупно остваривме победа, но имаме уште голема работа пред себе, – изјави Дембеле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни