Поврзете се со нас

Свет

Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Арда и Левкси кој вчера се одиграл во Првата фудбалска лига во Бугарија завршил со резултат 1:1, но поделбата на бодовите не е толку важна тема за разговор, сето тоа како последица на незапаметениот гаф кој го направил организаторот на мечот.

Домаќинот на натпреварот ги принуди играчите да дадат минута молк во друштво на сите присутнит на трибините, но еден ден подоцна, пристигна официјално извинување од самиот клуб.

Испадна дека човекот за кој се пренесе информација дека е мртов, всушност е жив и во многу добро здравје, па мораше да следи извинување за невидената глупост и конфузијата која се пренесе во јавноста.

– Почитувани новинари и навивачи на Арда, менаџментот на клубот сака да искаже огромно извинување до нашиот поранешен фудбалер, Петко Ганчев и до неговото семејство.

– До нас стигна информација за негова смрт, која испадна дека не е точно. Му посакуваме не Петко уште многу години исполнети со здравје и да ужива во успесите на Арда, – гласи бизарното соопштение на клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни