Поврзете се со нас

Свет

Невиден старт на едно финале: Ѓоковиќ го донесе трофејот, играч на Ботафого заработи црвен картон после 30 секунди! (Видео)

Објавено

на

Големото финеле во Копа Либертадорес ќе го донесе новиот јужноамерикански шампион, но натпреварот во Буенос Аирес започна на најшокантен можен начин, нудејќи старт каков што не се памети во историјата.

Финалето меѓу Ботафого и Атлетико Минеиро беше отворено со увертира во која Новак Ѓоковиќ го донесе трофејот на теренот и ја фрлаше паричката во присуство на двајцата капитени, но по чинот на еден од најдобрите тенисери во историјата, следеше шок на теренот.

По само 30 секунди игра, невнимателниот Грегоре со крвнички старт му нанесе голема штета на Фаусто, по што на судијата не му преостана ништо друго, освен да му покажа директен црвен картон.

Иако во прв момент тргна по жолт картон, крвата на главата на Фаусто покажа дека стартот е далеку посериозен, па сосема оправдано беше покажано исклучување.

Поради криминалниот потег на Грегоре, финалето беше во прекин пет минути, по што натпреварот продолжи откако лекарска асистенција доби играчот на Атлетико Минеиро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни