Шпанија
Невиден случај во фудбалот: Шпански клуб ангажирал детективска агенција и поднесе кривична пријава против судија (Видео)
Малага се врати во Втората фудаблска лига на крајот на минатата сезона откако во финалниот бараж беше подобар од Химнастик, но шест месеци по драматичниот епилог на споменатиот двомеч, пристигна вест која ја изненади цела шпанска јавност.
Химнастик де Тарагона е првиот клуб во историјата кој реши да поднесе кривична пријава против судија, сето тоа како резултат на грешките кои биле направени на теренот, а кои биле утврдени и од поранешен врвен судија со кои се советувале водечките луѓе на клубот.
Естрада Фернандес забележал 13 грешки во корист на Малага на споменатиот реванш меч кој заврши 2:2 со постигнат гол на гостите во 121-та минута, но ова не се единствените аргументи кои ги натерале луѓето од Химнастик да поднесат пријава за направено кривично дело.
Шпанскиот клуб ја ангажирал детективската агенција „Методо 3“ и со помош на специјални службеници било утврдено дека арбитарот Едер Малјо лажел и за напишаното во судискиот записник по крајот на мечот, поради што го обвинува за лажирање на докменти по еден фудбалски натпревар.
Химнастик е убеден дека е сериозно оштетен со промоција во Втора лига поради пристрасното судење на Малјо, за кој во поднесениот извештај се вели дека заработил околу 100 илјади евра поради тоа што носел одлуки во корист на Малага, односно петкратно си ја зголемил платата поради тоа што добил промоција во новата сезона да суди во повисок ранг.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан