Поврзете се со нас

Франција

Невиден малер: Тухел загуби уште четири играчи за 60 минути, ПСЖ има неверојатна листа на повредени фудбалери! (Фото)

Објавено

на

Томас Тухел се наоѓа под сериозен притисок поради двата лоши резултати во Лигата на шампионите и неуверливите настапи на најтешките натпревари од стартот на сезоната, но сепак мора да се признае дека покрај целиот товар кој му го наметнува раководството, се надополни и неверојатниот малер кој го прати Германецот.

ПСЖ на почетокот на сезоната имаше доста проблеми со заразени играчи од коронавирус, но неволјите не застанаа тука, бидејќи оттогаш, клубот од престолнината се претвори во една таканаречена болница која изминатава вечер беше надополнета со уште неколку играчи.

Анхел Ди Марија блескаше во триумфот над Рен од 3:0 со два гола и една асистенција, но верувале или не, несреќниот Тухел на овој натпревар загуби четири фудбалери поради повреда. Геје и Керер се повредија уште во првото полувреме и беа заменети од Рафиња и Бакер, Флоренци почувствувал проблеми и беше заменет на паузата меѓу двете полувремиња, додека во вториот дел проблеми почувствува и Моизе Кен кој беше повлечен во 60-та минута.

Ваквиот расплет на настаните делува навистина нестварен и несекојдневен кога е во прашање еден фудбалски натпревар, но тоа е само кулминација на „проклетството“ кое го следи Тухел и кој сега во здравствениот билтен има дури 12 играчи од првиот тим.

Покрај споменатите од натпреварот против Рен, од претходно повредени се уште осум играчи, односно Бернат, Икарди, Верати, Дракслер, Нејмар, Мбапе, Сарабија и Кимпембе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни