Невиден финиш во Италија: Милано погоди тројка за победа, но имаше уште една секунда… (Видео)

milano-avelino

Неверојатна завршница проследија кошаркарските фанови на натпреварот меѓу Милано и Авелино од италијанската кошаркарска лига.

Се играа две продолженија за да се реши победникот, а домашните фанови барем за кратко прославуваа победа. Картис Џерелс погоди тројка на 1,1 секунда до крајот на првото продолжение, но гостите не се откажаа и со неверојатен кош на Ариел Филој изборија второ продолжение и во него стигнаа до победата со резултат 94:92.

Facebook Коментари