Невиден циркус во победата на ПСЖ: Судијата го удри со нога стоперот на Нант, па му покажа и црвен картон! (Видео)

toni-capron

ПСЖ ја продолжи својата низа на победи на гостувањето кај Нант триумфирајќи со минимални 0:1, но сепак овој натпревар ќе се памети во француската спортска јавност по една невидена ситуација кога пристигна во судиското надополнување.

Главен актер во истата беше главниот судија на натпреварот, Тони Чапрон, кој верувале или не, се најде во ситуација да нападне еден од играчите на домашниот тим, а притоа и да го исклучи за свое губење на нервите. Во 91-та минута од мечот, домашниот стопер Диего и главниот судија има контакт во обидот да ја испратат акцијата, а ова Чапрон го протолкува како намерно туркање и на истото одговори не недозволен начин.

Францускиот арбитар го нападна Диего и го удри додека беше на земјата, а потоа отиде и чекор подалеку, покажувајќи му втор жолт картон и автоматски црвен на стоперот на Нант кој не можеше да им поверува на очите. Оваа ситуација експресно се најде во центарот на вниманието и стана топ тема во Франција, а големи се шансите дека главниот судија ќе добие драконска казна за ваквото однесување.

Facebook Коментари