Поврзете се со нас

Англија

Невеш ги игнорирал Ливерпул и Манчестер Јунајтед поради еден клуб

Објавено

на

Рубен Невеш беше еден од најбараните фудбалери во последниот преоден рок, но ѕвездата на Вулверхемптон реши да остане барем уште една сезона на „Молину“.

Неговиот агент Жорге Мендеш добил многу понуди, вклучувајќи ги и тие на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но Невеш одлучил дека ќе почека за трансфер до следното лето.

Причината се вика Барселона и според шпанските медиуми, желбата на Португалецот е да соработува со Чави од наредната сезона.

Барса отворено му соопштила на Мендеш дека изминатово лето не може да инвестира 50 милиони евра за Невеш, во ситуација кога клубот веќе договори неколку скапи трансфери, но дека тоа би го направила следниот јуни.

Договорот на Португалецот со премиерлигашот истекува во 2024 година, па следното лето и трансфер сумата веројатно би била поприфатлива за Барселона.

Невеш ги засили „волците“ од Порто за само 18 милиони евра и се претвори во одличен трансфер потег, привлекувајќи го вниманието на голем број клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни