Невеш со генијален удар го матираше Де Хеа, Погба не реализираше пенал за победа на Јунајтед (Видео)

pogba-penal

Манчестер Јунајтед пристигна на „Молину“ со два порази на претходните два натпревари на овој стадион, а иако Солскјер беше уверен дека неговиот тим ќе победи оваа вечер, на крајот неговата прогноза не се оствари поради лошата реализација на Пол Погба.

„Ѓаволите“ беа навистина добри во првото полувреме и заслужено дојдоа до предност со голот на Марсијал, но лошиот влез во вториот дел направи да бидат во подредена улога. За разлика од нив, Вулверхемптон влезе максимално ангажирано во продолжението и брзо израмни благодарение на ремек-делото на Невеш, а иако Јунајтед брзо се стабилизираше и повторно стана опасен, како голем трагичар се покажа Пол Погба.

Французинот самиот се избори за пенал во 68-та минута, но сепак не успеа да го реализира откако Руи Патрисио одлично го прочита и го одбрани неговиот силен удар.

Бидејќи немаше промени до крајот, двата тима си поделија по еден бод во второто коло, па така Јунајтед остана без планираните шест освоени бода по два натпревари во Премиер лигата.

Facebook Коментари