Поврзете се со нас

Шпанија

Неверојатното промашување на Морено ги обиколи светските медиуми (Видео)

Објавено

на

Екипата на Севилја успеа да слави во дерби пресметката против Вилјареал со 1:0 во натпревар од 16. коло од шпанската Ла Лига.

Јасно беше дека овој натпревар ќе го решаваат нијанси, а домашниот тим дојде до трите бода откако Лукас Окампос ја погоди мрежата на „жолтата подморница“ во 16. минута од средбата.

Избраниците на Унаи Емери потоа се обидуваа да стигнат барем до израмнување, но не успеаја во тоа па андалузискиот тим ги собра трите бодови на крајот на натпреварот.

Гостите имаа огромна шанса да стигнат до реми преку својот најдобар играч, Џерард Морено кој буквално се посрамоти во самиот финиш и не го реализираше невозможното.

Офанзивецот не се снајде најдобро по додавањето од еден соиграч, па иако имаше празен гол пред себе не успеа да донесе бод за својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни