Неверојатното финале на две братски двојки донесе триумф на Лука Далаго

Photographer Credit:
Sebastian Marko/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Sebastian Marko/Red Bull Content Pool

Браќата Лука и Марко Далаго од Австрија поединечно се изборија за пласман во финалето на втората трка од светската серија Red Bull Crashed Ice одржана во Јиваскила, Финска, а во него се сретнаа со уште една братска двојка составена од Канаѓаните Скот и Кајл Кроксал. Дуелот исполнет со емоции и акција беше одбележан со победата на најмладиот меѓу нив.

Од спектакуларни скокови и луди падови, преку постојано престигнување до изненадувачки рани испаѓања од најголемите ѕвезди во екстремниот спуст на лизгалки – сето тоа резултираше со возбудлива финална битка на старите ривали. Сепак, победникот беше сосема нов, втората трка од оваа сезона на Red Bull Crashed Ice во Финска му припадна на Лука Далаго од Австрија. Тој ја извојува својата прва победа во кариерата натпреварувајќи се во екстремниот спуст со лизгалки што се одржа во смрзнатата Финска, под сончевото сино небо, на првата од неколкуте предвидени трки на дневна светлина, притоа демонстрирајќи одлична контрола при спустот по природната, но подмолна патека од мраз, за да излезе на врвот од агресивната братска битка во возбудливото финале. Канаѓанецот Скот Кроксал го освои второто место откако неговиот постар брат Кајл, како и постариот брат на Лука, Марко Далаго, беа дисквалификувани од трката заради контакт. Кајл Кроксал ја помина целната линја прв, но подоцна падна на третото место заради дисквалификацијата, додека Марко Далаго беше четвртопласиран.

На фасцинантната трка во студеното попладне во Финска, Скот Кроксал имаше најдобар старт во финалето и отпрвин водеше, но имаше пад во првиот свиок по силната бркотница со Марко Далаго, чие водство потоа беше краткотрајно, зашто Кајл Кроксал стратешки го премина по неколку свиоци. Кајл Кроксал потоа не го испушти водството, а Лука Далаго, кој беше единствен тркач кој ја помина патеката без грешка и неповреден, заврши веднаш зад него, на второто место. Но по неколку минути, судиите ги дисквалификуваа и Кајл Кроксал за „грабање за лице“ на Марко Далаго, а тој самиот беше дисквалификуван за „проверка на тело“ кон Скот набрзо по стартот.

– Се обидов да извозам добра трка и да останам на патеката до самиот финиш,- рече Лука Далаго, кој беше изненаден од пресвртот на настаните кои му ја овозможија победата. Рече дека не дозволил некои непријатни борби од минатото, како таа со браќата Кроксал за минатогодишното полуфинале во Сент Пол, да го деконцентрираат иако финалето беше премногу тензично со прво такво одмерување на силите меѓу двајца браќа во финалето. – Се обидов да го тргнам тоа настрана пред трката. Само лизгав колку што можев посилно. Тоа е некако лудо.

Трката во Јуваскила навистина повторно беше луда, зашто таа е единствената патека со природен мраз од натпреварувањето Red Bull Crashed Ice, а сите нејзини несовршености и избраздувања кои цел ден предизвикуваа проблеми. Двократниот шампион Камерон Неш (САД) беше изненадувачки исфрлен од борбата за пласман во четвртфиналето, зашто се сопна на бразда додека беше во сигурно водство без притисок и веќе на помината половина од патеката.

Марко Далаго, кој победи на првата трка од сезоната во Сент Пол, Минесота, пред две седмици, сега е лидер на табелата со 1790 поени, а Скот Кроксал е на второто место со 1400, додека Лука Далаго направи скок на третото место со 1019 поени.

Американката Аманда Трунзо победи во женската трка на непредвидливата патека во Финска во должина од 630 метри, пред Канаѓанката Миријам Трепание, која беше втора, Тамара Кајах од Канада беше трета, а Миса Клемола од Финска го освои четвртото место. Ова е втора неприкосновена победа на Трунзо со која се утврди како лидер на табелата на шампионатот пред третата трка во сезоната која ќе се одржи во Марсеј, Франција за две недели.

Транзо го прошири своето водство во шампионатот Red Bull Crashed Ice со доминација на трката и во финалето во Финска. Таа беше во своја сопствена лига. Трепание е втора во генералниот пласман, а бранителката на титулата Жаклин Лежер е трета.

На јуниорското натпреварување по петти пат по ред триумфираше локалниот херој Мирко Лахти од Финска, веднаш по него како втор се пласираше неговиот сонародник Џеси Саурен, а третото место го освои Лукас Корзестански од Полска.

Следната трка од Red Bull Crashed Ice е закажана за 14 дена, и тоа во францускиот град Марсеј кој дебитираше минатата сезона, а каде што благата медитеранска клима ќе претставува своевиден шок за воинствените спусташи на лизгалки.

Резултати (мажи): 1. Лука Далаго (Австрија), 2. Скот Кроксал (Канада), 3. Кајл Кроксал (Канада), 4. Марко Далаго (Австрија), 5. Мирко Лахти (Финска), 6. Томи Мерц (САД), 7. Мат Џонсон (САД), 8. Денис Новожилов (Русија), 9. Џим ДеПаоли (Швајцарија), 10. Габриел Рено (Франција)

Резултати (жени): 1. Аманда Транзо (САД), Миријам Трепание (Канада), 3. Тамара Каја (Канада), 4. Миса Клемола (Финска), 5. Анис Моран (Швајцарија), 6. Макси Планте (Канада), 7. Сандрин Ранжон (Франција), 8. Вероника Виндиш (Австрија).

Facebook Коментари