Поврзете се со нас

Формула 1

Неверојатно видео: „Канал плус“ направи реална симулација на инцидентот на Грожан

Објавено

на

blank

Роман Грожан им ја заледи крвта на сите вистински љубители на мото спортот за врема на трката за Големата награда на Бахреин, бидејќи по страшниот судир кој го имаше во заштитната ограда, неговиот болид пламна во оган и беше распарчен на половина.

Францускиот возач успеа да излезе без тешки телесни повреди од застрашувачкиот инцидент и според многумина тоа беше случка која тесно се поврзува со терминот „чудо“, а три месеци по незаборавните секунди кога беше буквално „заробен“ во својот болид, угледниот „Канал плус“ направи една неверојатна анимација на целиот инцидент.

„Он-борд“ камерата од болидот на Хаас експресно се исклучи откако Грожан удри во челичната ограда која успеа да ја пробие со својот болид, а бидејќи од силината на ударот и експлозијата не можеа да се доловат деталите, познатата телевизија од Франција сега направи реална симулација на хорор судирот и со анимација долови како изгледал кошмарот низ кој минал Роман.

Самиот Грожан нагласи дека „хало“ заштитата му го спасила животот и цврстината на овој безбедносен додаток спречила да има фателен удар во неговата глава, а како изгледа реалната анимација на „Канал плус“ погледнете во продолжение….

Инаку, ФИА најави и веќе отвори истрага за несекојдневниот инцидент кој го имаше Грожан, па во блиска иднина се очекува и официјалниот извештај на луѓето кои ја вештачеле несреќата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни