Поврзете се со нас

Италија

Неверојатно тврдење на „Ла Република“: Конте намерно прави да добие отказ од Интер за да го преземе тимот на…

Објавено

на

Стратегот на Интер, Антонио Конте е главна тема на спортските медиуми во Италија во овој период.

Според многу италијански медиуми Конте наскоро ќе стане поранешен тренер на клубот, по само една сезона помината на „Џузепе Меаца“.

Се чека само крајот на Лига Европа каде Интер се уште ќе игра за и официјално да биде соопштено дека Антонио Конте повеќе нема да е тренер на клубот.

Италијанскиот медиум „Ла Република“ пренесува дека стратегот намерно креира хаос во клубот за да биде избркан со цел тој да стане слободен агент.

Така многу полесно би можел да конкурира за тренерската позиција во Јувентус каде што Маурисио Сари не е стопроцентно сигурен.

Многумина веруваат дека искусниот Сари би можел да добие отказ од клубот ако Јуве не успее да го мине Лион и испадне од Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни