Билијард и Снукер
Неверојатно: Рони О’Саливен се откажа од 147-ка поради „премалата награда“ (Видео)
Популарноста на снукерот сигурно во моментов не би била на исто ниво доколку играта меѓу своите најелитни натпреварувачи го немаше генијалецот Рони О’Саливен.
Покрај квалитетите, „Ракетата“ е познат и по своето на моменти ексцентрично однесување, а таков пример е и неговиот денешен потег на турнирот „Велш Опен“ за кој повторно доби аплаузи од публиката чиј миленик е.
На дуелот со Бери Пинчес, О’Саливен беше во ситуација да стигне до максимален брејк (147 поени), но се откажа од него поради неверојатна причина. Тој од коментаторите и судијката дозна колку е наградата за ова постигнување и откако му беше кажано дека е само 10.000 фунти, во една ситуација реши да ја одигра полесната варијанта со розовата наместо со црната топка и така на крајот неговиот брејк финишираше со 146 поени.
– Можев да стигнам до брејк од 147 поени, но не мислам дека предвидената награда вреди за такво нешто. Тоа е исто како да отидеш во салон на Мерцедес и да ти речат земи го автомобилот за 3.000 фунти, а ти ќе одговориш дека е преевтино и дека нема да го купиш автомобилот. Одредени работи имаат посебна вредност, а за мене 147-ката е специјален момент, – изјавил О’Саливен.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 23 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 11 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 24 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“