Поврзете се со нас

Германија

Неверојатно промашување на Левандовски во дресот на Баерн (Видео)

Објавено

на

Роберт Левандовски игра фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен, но вечерва не го започна најдобро дуелот со Ајнтрахт.

Баварците играат на својот стадион во второто полуфинале на германскиот куп, а уште на почетокот токму домаќинот имаше голема шанса да го отвори резултатот.

Левандовски како што е и вообичаено сезонава, доби одлична асистенција од Томас Милер, но полскиот напаѓач успеа да реализира неверојатен зицер, притоа промашувајќи ја топката целосно.

Во меѓувреме Милер испрати одлична асистенција и до Иван Перишиќ, а Хрватот реализираше рутински, па Баерн веќе во 14. минута дојде до водство против Ајнтрахт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни