Поврзете се со нас

Германија

Неверојатно, но вистинито: Фудбалер од Германија 11 години чекаше на прв погодок во кариерата, реакцијата на неговото семејство непроценлива (Видео)

Објавено

на

Во вчерашното вонредно коло во германската Бундеслига и во втората по ранг лига, популарната Цвајте, се случи навистина интересен момент.

Имено, фудбалерот од одбраната на Сандхаусен, Денис Дикемајер по цели 11 години фудбалска кариера успеа да го постигне својот прв погодок во професионалниот фудбал.

Дикермајер кој е и капитен на Сандхаузен погоди во 45. минута со глава за водство на неговиот тим од 1:0 против екипата на Вехен.

На крајот ова беше одлучувачки погодок затоа што до крајот на средбата не беа постигнати нови голови.

Сандхаузен е поранешен играч на Хамбург и Нинберг, а првиот погодок во кариерата успеа да го постигне по неверојатни 277 официјални натпревари зад своето име.

Откако го постигна голот, реакцијата на неговото семејство кое го следеше натпреварот од пред малите екрани беше непроценлива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни