Неверојатно: И децата кои ги собра Партизан за мечот со АЗ Алкмар направија проблем, клубот ќе плаќа казна на УЕФА

partizandeca

Партизан поради дивеењето на своите навивачи од УЕФА доби казна за забрана од играње два натпревари без публика.

Едниот против Малме помина без ниту еден гледач на стадионот, додека на вториот, кој беше во рамките од првото коло од групната фаза во Лига Европа имаше публика.

Имено, УЕФА му дозволи на Партизан да го наполни стадионот со дечиња до 14 години, а од клубот со перфектна организација успеаја да соберат околу 20.000 деца од цела Србија кои направија глетка која никогаш не е видена во светот на фудбалот.

Сепак, и дел од тие деца направиле проблеми кои ќе го чинат Партизан 5.125 евра кои ќе заминат во касата на УЕФА како казна за тој испад.

Имено, сите дечиња добиле балони со дршки како и пакети со брза храна, а голем дел од отпадоците завршиле на атлетската патека, а во еден момент со отпадок погоден бил дури и делегатот на средбата кој морал да ја регистрира таа ситуација во записникот.

Звучи неверојатно, но децата кои беа на стадионот му нанесоа штета на клубот.

 

Facebook Коментари