Поврзете се со нас

НБА

Неверојатниот Рендл го засени Дончиќ, Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Њујорк Никс за прв пат од сезоната 2013-2014 дојде до пет победи во низа во НБА лигата, учинок за кој дефинитивно најзаслужен е Џулиус Рендл.

Рендл игра во животна форма, а уште една потврда за тоа е дуелот против Далас Маверикс каде реализираше 44 поени со 10 скокови и 7 асистенции. Крилниот центар беше супер расположен во родниот град и заедно со Берет кој му беше најголема поддршка (24 поени, 8 скокови) беа лидери во славјето од 117-109.

Залудни за Далас беа дабл-дабл учинокот на Порзингис од 23 поени и 12 скокови, но и оној на Дончиќ од 22 поени, 8 скокови и неверојатни 19 асистенции.

Никола Јокиќ уште еднаш лидерски го предводеше Денвер до триумф во најсилниот шампионат, триумф број 36 во актуелнава кампања. Клубот од Колорадо славеше над Хјустон со 128-99, Јокиќ имаше 29 кошеви и 16 скокови, Потер Џуниор додаде 21 поен.

Прва напаѓачка виолина кај „ракетите“ беше Канаѓанецот Олиник со 23 поени.

Резултати:
Јута – Индијана 119:111
Детроит – Оклахома 110:104
Филаделфија – ЛА Клиперс 106:103
Вашингтон – Њу Орлеанс 117:115
Бруклин – Шарлот 130:115
Торонто – Орландо 113:102
Чикаго – Мемфис 115:126
Хјустон – Денвер 99:128
Минесота – Мајами 119:111
Сан Антонио – Портланд 106:107
Далас – Њујорк 109:117
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни