Поврзете се со нас

Свет

Неверојатниот рекорд на Гризман како член на Франција ги шокира и најпедантните статистичари (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Антоан Гризман со години наназад важи за симбол за француската фудбалска репрезентација, со која напаѓачот на Атлетико Мадрид стана и светски шампион пред пет години.

Искусниот фудбалер е исклучителни важен за „триколорите“ и покрај свежата крв која пристигна во тимот на Дидие Дешамп, но неговата констатност на репрезентативно ниво е нешто што ги фрла во неверица и најпедантните статистичари.

Имено, Гризман има еден рекорд со Франција кој тешко дека некогаше ќе биде урнат во фудбалот, бидејќи Антоан нема пропуштено натпревар за репрезентацијата цели шест години.

Популарниот Гризи нема прескокнато меч за Франција од јуни 2017-та година, што значи дека во претходните шест години ги има одиграно сите натпревари, вклучувајќи ги и пријателските.

Тоа е точно 81 натпревар до овој момент, а ако здравјето го послужи, можно е да дојде и до 100.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни