Европски купови
Неверојатниот Хенеберг доби призание од ЕХФ за една мајсторија во Германија (Видео)

Себастијан Хенеберг постигна речиси половина од головите на Еурофарм Пелистер и имаше неверојатна ракометна симултанка во Диселдорф, која резултираше со втора победа на македонскиот претставник во Лигата на Европа.
Македонскиот вицешампион славеше против Мотор со резултат 30:33 во мечот во кој Данецот постигна дури 14 погодоци, а еден од нив доби посебно внимание од медија тимот на ЕХФ.
Ракометната Федерација го издвои цепелинот на Хенеберг и го смести на второто место во ТОП 5 листата од најубави голови на колото во второто по ранг европско натпреварување.
Бекот на Пелистер брилјираше во сите 60 минути, но овој погодок најдобра ја отсликува партијата која ќе ја памети уште долго, но на која ќе се сеќаваат и играчите на Мотор.
За битолскиот тим ова беше втора победа на четвртиот натпревар во Лигата на Европа, а интересно е тоа што и двата беа остварени на гостински терен.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Италијапред 7 часа
Берлускони јавно го прозва Галијани по победата над Јувентус: Следниот чекор е многу голем