Неверојатниот Головин го потврди интересот од италијанскиот гигант по шоуто на премиерниот меч на мундијалот

golovin-saudi

Руската фудбалска репрезентација на најдобар можен начин го отвори Светското првенство на кое е домаќин, а иако две феноменални мајстории изрежира Денис Черишев, сепак најголемо внимание на пошироката спортска јавност и привлече младата ѕвезда, Александр Головин.

Покрај маестралниот гол од слободен удар со кој ја запечати убедливата победа од 5:0 против Саудиска Арабија, Головин брилјираше со својата игра на средината на теренот и потврди дека станува збор за страшен талент со своите две асистенции, а сето тоа предизвика големо воодушевување и меѓу фановите на Јувентус, клуб за кој се верува дека Русинот е најблиску до трансфер.

– Во овој момент сакам да се фокусирам на Светското првенство, уште повеќе после денешното издание и уверливата победа. Почестен сум и задоволен што има интерес за мене од клуб како Јувентус, се надвам дека ќе има фантастично Светско првенство, – истакнал Головин за „Скај Спорт Италија“ по крајот на мечот, потврдувајќи дека нема ништо против да заврши во Јуве.

– Јувентус е навистина силен тим, но би го издвоил Дибала. Тој има неверојатна креативност и е мојот фаворит, – додал 22-годишниот Русин.

Facebook Коментари