Неверојатниот Ериксен постигна страшен хет-трик и ја одведе Данска на СП во Русија (Видео)

eriksen-lizga

Данска е последниот европски патник на Светското првенство во Русија, а мора да се напомене дека скандинавската селекција сосема заслужено си чекираше билет за мундијалот бидејќи вечерва имаше страшна претстава во Даблин.

Првиот бараж дуел меѓу Република Ирска и Данска во Скандинавија заврши со 0:0, но вечерва во Даблин бевме сведоци на симултанка на гостите, а особено на неверојатниот Кристијан Ериксен кој со хет-трик беше лидер во победата од 1:5.

Ирска поведе со 1:0 со голот на Дафи во шестата минута, но Данска во период од само три минути успеа да направи пресврт по што следеше комплетна доминација. Кристенсен израмни на 1:1 во 29-та минута, три минути подоцна маестрален гол постигна Ериксен за 1:2, а потоа фудбалерот на Тотенхем постигна уште два гола за 1:4. Со овој хет-трик, Ериксен стигна до фасцинантни 11 гола во квалификациите за Светското првенство во Русија, а пред самиот крај на мечот конечниот резултат го постави „лордот“ Бендтнер со гол од белата точка.

Facebook Коментари