Поврзете се со нас

Шпанија

Неверојатни сцени во Мадрид, навивачите на Атлетико од Феликс бараа да го повреди неговиот соиграч (Видео)

Објавено

на

Навистина шокантни сцени се појавија на социјалните мрежи на кои се гледа како навивачите на Атлетико Мадрид бараат од фудбалерот на клубот, Жоао Феликс да повреди друг играч на тимот.

Очигледно дека дел од најжестоките фанови на клубот од Мадрид не му простиле на Антоан Гризман за неговио трансфер во редовите на Барселона, па иако сега се врати во Атлетико тие се уште не му посакуваат најдобра кариера.

Така, на дебито на Гризман на „Ванда Метрополитано“, тој доби жестоки свирежи од трибината, а денеска при тренингот на клубот се случи уште една бизарна сцена.

Имено дел од навивачите на клубот од младиот Жоао Феликс побараа да го повреди францускиот офанзивец на некој од тренинзите. Феликс на ваквите барања од навивачите имаше сосема логичен одговор барајќи од нив да покажат повеќе почит кон играчот кој оставил длабок белег за клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни