Поврзете се со нас

НБА

Неверојатни партии на Јокиќ и Кари за победи на Денвер и Голден Стејт (ВИДЕО)

Објавено

на

Никола Јокиќ и Стеф Кари се играчите кои ја одбележаа минатава ноќ во НБА лигата и тоа со луди партии кои беа заокружени со победи на нивните Денвер Нагетс и Голден Стејт Вориорс.

Клубот од Колорадо беше подобар од Менфис Гризлис со 139:137 по дури две продолженија. Ова беше дуел во кој решаваа нијанси, среќа која беше на страната на Денвер кој го имаше центарот Јокиќ со реализирани 47 поени, 15 скокови, осум асистенции и една блокада.

На ова треба да се додадат 28 кошеви на Бартон и 21 на Портер Џуниор кои беа соодветна поддршка за првата ѕвезда за 37 славје во актуелнава сезона.

Морант за „мечките“ беше автор на 36 кошеви, 8 скока и 12 асистенции.

Кари пак игра во животна форма и со неговото брилијантно издание му овозможи на Голден Стејт да победи на гостувањето кај Филаделфија со 107-96. Стеф реализираше 49 поени, додека вториот вториот стрелец Вигинс имаше 16 кошеви што доволно покажува дека плејмејкерот сам му донесе победа на својот клуб.

Воедно Кари стана прв играч кој на возраст од 33 или повеќе реализирал 30+ поени на 11 средби во низа, има 10+тројки на четирите од последните пет натпревари, а воедно стана првиот играч во кој во серија од десет средби дал 72 тројки.

Кога е во прашање Филаделфија стандардно Ембид беше прво оружје со 28 поени.

Резултати:

Детроит – Кливленд 109:105
Бостон – Чикаго 96:102
Филаделфија – Голден Стејт 96:107
Индијана – Сан Антонио 94:109
Мајами – Хјустон 113:91
Милвоки – Феникс 127:128 (прод.)
Вашингтон – Оклахома 119:107
Денвер – Мемфис 139:137 (прод.)
Лос Анџелес Лејкерс – Јута 97:111

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни