Неверојатната драма во Загреб го натера Червар да го чува десниот бек на Белорусија! (Видео)

lino-1

Хрватската ракометна репрезентација многу потешко од очекувањата стигна до планирани два бода против селекцијата на Белорусија, но наспроти тесната победа која ја потврди Копљар во последната секунда, претходно имаше еден контроверзен момент во последната акција на противничкиот тим.

Белорусите имаа акција за израмнување на 24:24, но пред истата да биде прекината поради пасивен напад, имаше еден недозволен потег на Лино Червар кој понесен од еуфоријата и драматичната завршница, одлучи да му попречува на десниот бек на Белорусите.

Хрватскиот селектор го чуваше Артур Карвацки, а за ваквиот свој потег експресно наиде на исклучително многу негативни коментари на социјалните мрежи каде ракометните фанови го осудуваат за ваквата реакција…

Facebook Коментари