Поврзете се со нас

Свет

Неверојатна тројка каква се гледа еднаш во животот: Кошаркар на Газијантеп со несекојдневен погодок (Видео)

Објавено

на

Од турскиот кошаркарски шампионат ни доаѓа едно видео кое брзо се прошири низ социјалните мрежи.

Имено, на видеото може да се забележи неверојатната тројка која ја постигна кошаркарот на Газијантеп, Чан Угур Огут.

Уште во првата четвртина од натпреварот со Бахчешехир, Огут го постигна кошот кој долго ќе се врти на најавните шпици во Турција, а сигурно свое место ќе заземе и во „хајлајците“ и на светските кошаркарски портали.

Огут од една безизлезна ситуација, со една рака успеа да постигне кош вреден три поени кој дојде со звукот на сирената.

На крајот тимот во кој настапува Огут беше подобар од домаќинот Бахчешехир со 83:76, а Огут со 16 поени беше еден од најефикасните играчи на средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни