Неверојатна снимка од една од најпознатите велосипедски трки откри плантажа со марихуана во Шпанија (Видео)

trkamarihuana

„Вуелта“ важи за една од трите најголеми и најпознати велосипедски трки и е веднаш зад „Џиро Д Италија“ и „Тур Де Франс“.

Снимка од хеликоптер токму од оваа трка возена низ Шпанија откри една навистина неочекувана слика. На покривот од една зграда беше посадена цела плантажа со марихуана.

Камерата од воздух ги следеше велосипедистите кои беа во финишот на осмата етапа, а во преносот кој одеше во живо се виде и плантажата на зградата во Игуалда, Каталонија.

Според вестите кои доаѓаат од Шпанија, полицијата покренала постапка но се уште не го пронашла сопственикот на плантажата и е во потрага по истиот.

Facebook Коментари