Поврзете се со нас

Свет

Неверојатна ситуација во Ирска: Голман доби црвен картон откако го нокаутираше својот соиграч (Видео)

Објавено

на

Навистина бизарен инцидент се случи во Ирска во натпревар од најсилната лига во оваа земја помеѓу Гленторан и Колерејн.

Голманот на Гленторан, Ерон Меккери заработи директен црвен картон откако физички го нападна својот соиграч, Боби Бурнс кој беше виновен за голот на противничката екипа.

При резултат 2:1 за Гленторан, Колерејн постигна гол во 80. минута по грешката на младиот Бурнс кој потоа беше физички нападнат од поискусниот, 29 годишен Меккеј.

Главниот судија на натпреварот веднаш го исклучи голманот, кој пак претходно беше нападнат од другите свои соиграчи поради во најмала рака глупавиот потег кој го направи.

Меккери во кариерата го има носено дресот и на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон, додека младиот Бурнс нема многу големо искуство играјќи во австралискиот Њукасл Џетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни