Поврзете се со нас

Репрезентација

Неверојатна ситуација на мечот на Македонија: Противнички играч бил заменет на полувреме, па повторно влегол и ја потврдил победата на Белорусија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година доживеа пораз од Белорусија од 3-1 на првиот тест натпревар во Анталија.

Ова беше прв меч за националниот тим под водство на новиот селектор Горан Станиќ, меч на кој сме можеле да дојдеме до подобар резултат ако сме ги користеле шансите, поточно сме биле подобри во завршницата на акциите.

Во првиот дел не била искористена нашата иницијава, па ривалот од својот прва шанса успеал да даде гол за почетно водство. Второто полувреме не донесе ништо позитивно за Македонија на резултатски план, примени два погодоци за 3-0 за да потоа Стојанов ги постави конечните 3-1.

Меѓутоа овој меч го одбележало и лошото судење и притоа имало една ситуација која не се гледа на терените.

-Натпреварот го обележа катастрофалното делегирање на правдата од страна на турските судии. Имено, на полувремето фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков беше изваден од игра, но во продолжението влезе повторно во игра на место на друг играч кој го напушти теренот поради повреда. Судиите беа запознаени со ситуацијата и грешката што ја направи белорускиот тим, но не изреагираа, дозволувајќи му на Кирил Цепенков да го доигра натпреварот. На крајот фудбалерот на Белорусија беше стрелец на третиот погодок на денешната средба, -стои во извештајот за натпреварот објавен на официјалната страна на ФФМ.

Втората контролка е против Азербејџан на 25 март.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни