Поврзете се со нас

Свет

Неверојатна ситуација на Копа Америка: Судијата не досуди чист пенал за Винисиус, ѕвездата на Реал не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Бразил остана без првото место во својата група и полесен противник во четвртфиналето, па сега ќе мора да изоди многу потежок пат доколку сака да стане континентален шампион.

Копа Америка во своето ново издание повторно донесе и низа контроверзи од судиите, а откако во изминативе денови доста се зборуваше за погрешно подвлечени ВАР линии, рано утрово се чини не му беше досуден и чист пенал на Винисиус.

Ѕвездата на Реал Мадрид беше соборена во противничкиот шеснаесетник при резултат 1:0 за Бразил и тоа можеше да биде клучна шанса за победа, но наместо тоа, судијата прроцени дека нема контакт.

Ситуацијата не доби исправка ниту од судиите во ВАР собата, па Бразилците останаа во неверица од исходот кој навистина ги потресе Винисиус и бразилскиот селектор.

Вини удираше во земја кога ја дозна одлуката на судијата, а зачуден беше и Доривал Жуниор кој беше сигурен дека неговиот фудбалер е покосен во шеснаесетникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни