Поврзете се со нас

АТП

Неверојатна ситуација: Де Минор ја бакнуваше мрежата, Алкарас тргна со пораз во новата година (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас тргна фуриозно и агресивно во пријателската пресметка со Алекс Де Минор на „Род Лејвер арената“, но иако стануваше збор за хуманитарен меч, двајцата се погрижија да гледаме доста квалитетен тенис.

Шпанецот тргна подобро и прв направи брејк, но кога се чинеше дека има се под контрола, Де Минор се врати во игра и успеа да го добие првиот сет со 7:5.

Од овој дел од играта ни пристигна и најлудиот момент на мечот, бидејќи Де Минор доби помош од „виша сила“ и успеа да освои поен каков ретко се гледа.

Топчето двапати се одби од мрежата пред да заврши во полето на Алкарас, па Шпанецот остана немоќен и само со насмевка го проследи поенот кој на крајот го иницираше пресвртот.

Иако Алкарас успеа да одговори во вториот сет кој го доби со 6:4, супертајбрејкот му припадна на домашниот тенисер кој на крајот славеше со 10:5.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни