Неверојатна сцена во ЛШ: Тренерот на Шахтјор му го нанесе првиот пораз на Сити по 28 меча, па се појави на пресот преправен во суперхерој! (Фото)

fonseka-pep

Шахтјор изминатава вечер сосема заслужено го победи Манчестер Сити со 2:1 и му го нанесе првиот пораз на тимот на Пеп Гвардиола по цели 28 натпревари во сите натпреварувања, а покрај тоа што ова значеше пласман за украинскиот тим во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, истовремено го стави домашниот тренер во ситуација да го исполни своето ветување.

Пауло Фонсека набрзо по извлекувањето на ждрепката и добиените противници вети дека ќе се облече како Зоро доколку неговиот тим успеа да заврши пред Наполи и Феенорд, а откако на крајот успеа во зацртаната цел, португалскиот стручњак го исполни своето ветување и се појави на прес-конференцијата облечен како познатиот суперхерој и во навистина необично издание даваше изјави за новинарите.

 

Paulo Fonseca

Paulo Fonseca

 

Facebook Коментари