Лига на шампиони
Неверојатна сцена во ЛШ: Го гледаше мечот со својата сопруга на трибините, па доби повик од Компани! (Фото)

Баерн Минхен покажа авторитет во германското дерби во Лигата на шампиони и со убедливи 3:0 го совлада Баер Леверкузен, триумф со кој си осигура навистина убава предност пред реваншот наредната седмица.
Искуството на баварците дојде до израз на најголемата европска сцена и Баерн успеа да профитира од сите грешки кои ги направија гостите, но покрај трите постигнати гола и големата утка на Палиња, овој натпревар привлече внимание во Германија и поради една неверојатна ситуација на „Алијанц арена“.
Мануел Нојер се повреди во 56-та минута во моментите кога го славеше голот на Џамал Мусиала, па откако стана јасно дека ќе мора да му го отстапи своето место на младиот Јонас Урбиг, тренерот Венсан Компани беше принуден да носи и една несекојдневна одлука.
Свен Улрајх како трет голман на Баерн го следеше мечот од комотно место во друштво на својата сопруга, но по повредата на Нојер, мораше да ја облекува опремата и од трибините да се симне на клупата за резерви.
Искусниот голман доби повик од Компани да се симне на клупата и да биде дел од резервите, со цел да биде подготвен за игра во случај да се повреди и младиот Урбиг.
На крајот не дојде до такво нешто, но трансформацијата која мораше да ја направи Улрајх им го украде вниманието на германските фоторепортери.
Sven Ulreich changed and sat on the bench after Neuer’s injury https://t.co/qa99UMEQng pic.twitter.com/JyeijSxgX2
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 5, 2025
Sven Ulreich last night: up until Neuer’s injury he was in the stands in civilian clothes with his wife Lisa – after Neuer’s injury he quickly changed and made his way to the bench and would’ve come in if Urbig had to be replaced [📸 @BILD] pic.twitter.com/eiqcDjZ1kW
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 6, 2025
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!