Неверојатна приказна од соседството: Во Белград се обиделе да киднапираат фудбалер на Фиорентина

ALEKSA TERZIC Fiorentina Italian Cup Fiorentina vs Monza 3 1 Firenze COPPA ITALIA 2019 20 FIOREN

Филмска приказна деновиве се случила на улиците во Белград кога српската полиција уапсила две млади лица поради сомнеж дека се обиделе да го киднапираат младиот фудбалер на Фиорентина, Алекса Терзиќ.

Како што пренесува српскиот „Блиц“, се започнало кога возило марка Ауди се удрило во возилото марка БМВ управувано од 20 годишниот Терзиќ.

Фудбалерот на Фиорентина излегол од автомобилот да види што се случува кга две лица го нападнале и се обиделе да го стават во багажникот на нивното возило. Сепак, младиот Терзиќ успеал да се ослободи и да им избега, по што целиот настан го пријавил во полиција.

Полицијата по кратка потрага ги уапсила сторителите.

Facebook Коментари