Поврзете се со нас

Свет

Неверојатна приказна: Го победи ракот, се врати на теренот и донесе титула за Брегот на Слоновата Коска (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CAF_Online

Брегот на Слоновата Коска уште долго ќе го памети овогодинешното издание на Африканскиот куп на нации, бидејќи на почетокот за малку ќе испаднеше во групната фаза, ги менуваше тренерите кои го водеа тимот, но на крајот успеа да победи во големото финале и да ја освои титулата.

Дури ни најдобриот филмски режисер не можеше да напише вакво сценарио, бидејќи во клучниот меч за титула, голот за победа го постигна играчот кој го победи ракот откако го режираше транферот на кариерата.

Себастијан Але ја доби битката со ракот и се врати на терените минатата година, но ѕвездата на Борусија Дортмунд сега испиша неверојатна приказна со голот во завршниот чин на Африканскиот куп на нации.

Финалето започна со гол на Нигерија преку капитенот Трост Еконг, но домашната селекција предводена од публиката во Абиџан направи пресврт во вториот дел.

Франк Кеси ја искористи грешката на голманот на Нигерија за да израмни на 1:1, додека напаѓачот Але погоди на мајсторски начин за 2:1 и голема победа за Брегот на Слоновата Коска.

Оваа селекција по трет пат во својата историја стигна до најпрестижниот трофеј во Африка, бидејќи претходно тоа го правеше во 1992-ра и 2015-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни