Поврзете се со нас

Италија

Неверојатна ноќ за Златан: Ибра со авто-стоп стигна на Санремо и го одработи дуетот со Михајловиќ (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ ја разубавеа третата ноќ од познатиот фестивал Санремо, на кој изминатава вечер ја видовме нивната музичка изведба, која на крајот беше потпомогната од двајцата водители.

Тоа што требаше да претставува дует од Златан и Синиша се претвори во квартет, бидејќи музикалните квалитети на Ибра и Миха секако се далеку од она што можат да го понудат на фудбалскиот терен.

Нивната изведба со песната „Io vagabondo“ стана вирален хит во Италија и ги насмеа фановите, но Златан привлече поголемо внимание поради фактот што до „Театро Аристон“ во Санремо стигнал со мотор откако морал да се обиде со авто-стоп за да стигне навреме.

– Имаше сообраќајна незгода на патот и заглавив во автомобилот три часа. Му порачав на возачот дека мора да излезам и да напуштам за да стигнам на време. Сопрев мотоциклист кој минуваше и го прашав дали може да ме однесе до Санремо.

– За среќа, тој беше миланиста. Ме одвезе 60 километри со мотоцикл и кога дојдовме беше навистина ладно. Пред да си замине, ми порача дека ова му било првпат да вози на автопат, – откри Ибра кој за да докаже дека не лаже, документирал и видео додека се возел по автопатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни