Поврзете се со нас

Англија

Неверојатна интуиција: Најновото видео открива дека Аморим му „асистирал“ на Амад за голот за победа

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед ги израдува своите фанови со големата победа во градското дерби со шампионот Сити, а менаџерот Рубен Аморим во многу подобра атмосфера го подготвува тимот за денешното дерби во Карабао купот со Тотенхем.

Португалецот може да биде задоволен од досегашниот краток период на клупата на „црвените ѓаволи“, а неговата фудбалска интуиција е докажана и со најновото видео кое е објавено од дел од англиските медиуми.

Истото стана вирално поради фактот што на него се гледа како токму Аморим е тој кој му посочува на Лисандро Мартинез да му испрати топка на Амад Диало, за потоа големиот талент на Јунајтед да изработи соло акција за погодок и целосен пресврт на „Итихад“.

Тоа беше и решавачки момент на градското дерби, кое заврши со победа на Јунајтед со резултат 1:2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни