Италија
Неверојатна драма на дербито: Ибра доби црвен картон, судијата се повреди, Ериксен погоди во 97. минута (Видео)

Големата пресметка на „Сан Сиро“ меѓу Интер и Милан понуди вистинска драма во секоја смисла на зборот, бидејќи огромната тензија на теренот направи да видиме беспоштедна битка како да станува збор за клучен натпревар од многу поважно натпреварување од што е Копа Италија.
Фудбалските фанови беа сведоци на три гола во Милано, но сепак и на жестока пресметка меѓу Ибрахимовиќ и Лукаку, црвен картон на поискусниот напаѓач, но и повреда на главниот судија на натпреварот во второто полувреме. Средбата започна со доминација на Интер која избраниците на Конте не успеаја да ја материјализираат, а тоа знаеше како да го казни Ибра кој од херој, во продолжение се претвори во трагичар.
Златан одлично стрелаше и погоди за 0:1 со помош на дирекот, но потоа пред самиот крај на првиот дел, влезе во жесток клинч со Лукаку, си поделија навистина лоши зборови и имаа контакт со главите. Поради овој инцидент, добија и двајцата жолт картон од судијата Валери, но во вториот дел, Ибра многу брзо доби и црвен.
Поради еден непотребен прекршок на средината на теренот, напаѓачот на Милан доби втор жолт картон и беше исклучен во 58-та минута, по што мечот комплетно се сврте во полза на Интер. Тоа беше уште повеќе така кога Леао направи пенал врз Барела во 70-та минута, по што Ромелу Лукаку израмни на 1:1.
Набрзо после голот за израмнување, на повреда се пожали главниот судија Валери и тој беше заменет од страна на Кифи, па поради одолговлекувањето на судиската замена, натпреварот беше продолжен дури 100 минути. Така, во ситуација кога сите очекуваа продолженија, како човек на одлука се покажа резервистот Кристијан Ериксен кој со фантастичен погодок од слободен удар погоди за 2:1 и целосен пресврт во 97-та минута.
Милан немаше сили за ништо повеќе во преостанатите 180 секунди, па по точно 100 минути игра, Интер се пласираше во полуфиналето на италијанскиот Куп.

- Англијапред 15 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 11 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 23 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Италијапред 9 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 15 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 13 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 24 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)
- Англијапред 11 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим