Поврзете се со нас

Атлетика

Неверојатен скок за паметење: Рохас се закити со злато, олимписки и светски рекорд! (Видео)

Објавено

на

Венецуеланката Јулимар Рохас е хероина на денот на Олимписките игри во Токио, бидејќи со неверојатен скок успеа да освои златен медал, но и да урне два историски рекорди.

Во трискок дисциплината на Олимписките игри во Токио, Рохас со еден скок стана нова олимписка и светска рекордерка, бидејќи го урна и најдобриот скок некогаш поставен во оваа категорија.

Во својот историски трискок, Јулимар достигна далечина од 15,67 метри, со што не и остави никакви шанси на конкуренцијата која не беше ниту блиску до неа.

Сребрениот медал замина во рацете на Патриција Мамона која достигна скок од 15,01 метар, додека бронзата е резервирана за Ана Пелетеиро со скокнати 14,87 метри.

– Немам доволно зборови, не можам да го опишам ова чувство. Златен медал, Олимписки и светски рекорд со еден скок. Неверојатна ноќ за мене. Знаев дека имам капацитет за злато, имав неколку неуспешни обиди и технички грешки, но на крајот дадов се и сега ќе уживам во ова искуство, – изјави Рохас која го урна светскиот рекорд на Украинката Инеса Кравец кој датираше од 1995-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни