Поврзете се со нас

Англија

Неверојатен раздор во премиерлигашки клуб, играчот го нарече својо тренер „кукавица“

Објавено

на

Ретко видени и неочекувани работи се случуваат во таборот на некогашниот англиски шампион, Њукасл Јунајтед.

Имено, стратегот на клубот Стив Брус и искусниот крилен фудбалер, Мет Ричи биле инволвирани во сериозен инцидент кој се случил во тренинг кампот по натпреварот со Вулверхемптон.

Њукасл ремизираше со 1:1 на оваа средба, а Стив Брус за тоа обвини дел од своите фудбалери кои не ги почитувале тактичките замисли пред натпреварот. Оваа изјава го налутила Ричи кој во тренинг центарот на клубот пред сите го нарекол Брус  „кукавица“.

Наводно Ричи го побарал телефонски Стив Брус за да разговараат за неговата изјава во медиумите, а Брус му посочил дека за тоа ќе зборуваат на следниот тренинг. Тоа уште повеќе го иритирало фудбалерот кој наредниот ден во разговор со асистентот на менаџерот на Њукасл, Стив Агну кажал го нарекол Брус „кукавица“.

Ричи одбил да оди во канцеларијата на менаџерот на Њукасл и пред сите упатил погрдни зборови до тренерот. Ова сигурно нема да помине неказнето, а Ричи можеби си стави печат на своите настапи во Њукасл додека тренер е Стив Брус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни