Неверојатен пресврт на Наполи за пет минути, Мертенс со велемајсторски лоб го збуни Стракоша (Видео)

mertens-pie

Наполи имаше негатива од 1:0 по 45 минути игра на „Олимпико“, но во второто полувреме влезе крајно фуриозно и успеа да постигне три гола во рок од само пет минути. Гостите од „Сан Паоли“ приредија вистински шок на трибините во Рим во периодот од 54-та до 59-та минута, а мора да се напомене дека третиот гол со кој беше потврден сензационалниот пресврт беше и најдобар.

Кулибали израмни на 1:1, Калјехон погоди за 1:2, додека Драјс Мертенс со велемајсторски лоб го остави Стракоша без одговор и ја замолкна гласната публика на „Олимпико“. До крајот, Наполи постигна уште еден гол преку Жоргињо во судиското надополнување и на тој начин стави точка на сензационалното второ полувреме во кое постигна четири голови.

Facebook Коментари